Почина проф.д-р Љупчо Ајдински, истакнат научник, филантроп, хуманитарец и еден од основоположниците на дефектологијата во Македонија. Роден Е на 28.04.1930 година во Ново село, Струмица. Докторира на дефектолошкиот факултет во Белград.

Со професорот Ајдински се поврзуваат грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија. Основоположник е на системот за институционална заштита и едукација на лицата со попреченост, а со тоа и на првиот организиран третман на овие лица. Основач е и прв раководител на институт за дефектологија (1993г.) При филозофскиот факултет во скопје. Активно учествуваше во основањето на  сојузите на слепи, глуви и на другите инвалидски организации.

Автор е на многу научни трудови, публикации, учебници и монографии од областа на специјална едукација и рехабилитација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.