Британецот Шервин Хол (27), починал после кратка и тешка болест за која директен виновник е Ковид 19, кој не го ни имал.

Имено Шервин на почетокот на годинава, после видливи промени  во организмот, открил дека има рак. На почетокот на прегледите констатирано е дека не е раширен и пропишана му е терапија со која требало да ја има под контрола.

Во меѓувреме светот го погоди епидемија на коронавирусот и секоја од земјите апсолутен приоритет даде во лекувањето на позитивните луѓе од корона.

Шервин повторно дошол на преглед во мај жалејќи се на се поголеми болки во нозете, и промена на кожата, но ниту еден лекар не им излегол во пресрет со скенирање и прегледи. Едноставно сите биле насочени кон борбата со коронавирусот.

Молеше во мај за преглед. Не му беше добро. Шервин не беше од оние кои се хипохондрици, се жалеше само кога имаше проблем. Плус има имаше рак. Каде ќе најдете поголема причина од тоа за лекарите да му излезат во пресрет. Ама два месеца никој не му помогна. Ниту еден скен не работеше. Болеста тогаш му напредуваше и кога во август конечно помина низ серија прегледи, утврдија дека е во последен стадиум. Бевем очајно. Пораки коронавирусот кој лекарите во Велика Британија оваа година единствено го лекуваа, го изгубив сопругот и таткото на моето дете – рекла Ла Тоја Хол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.