Познатиот водител и комичар Ник Кенон ја потврди тажната вест. Неговиот петмесечен син Зен починал од редок тумор на мозокот.

Комичарот во јуни годинава го дочека своето седмо дете кое го доби со својата партнерка Алис Скот и набрзо дознаа дека нивното малечко се бори со хидроцефалус.

Забележав дека многу кашла и сакав да проверам, изјави Ник.

Чудно дишеше, забележав дека на два месеци има поголема глава во однос на другите деца на таа возраст, но мислев дека се синуси, па го однесовме на лекар поради дишењето. Мислев дека тоа ќе биде рутинска проверка – додал Ник.

За жал, лекарите го информирале семејството дека на детето му се насобрала течност во главата и дека се работи за малиген тумор.

Низ солзи Ник рекол дека од тој момент се трудел да помине што повеќе време со својот болен син. Комичарот последен пат го видел својот син викендов, а набрзо по трагедијата морал да се врати на бизнисот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.