Дека вирусот на бира, потврди и шпанскиот пејач, Енрике Инглесијас кој се огласи по повод смртниот случај во неговото семејство.
Шпанските медиуми навеле дека од коронавирусот починал и Карлос Фалко, очув на познатиот пејач.
Карлос бил пациент кој со своите 83 години спаѓал во ризичната група, хосипитализиран е минатата недела, но за жал ја изгуби битката со вирусот.
Кусо после тоа се огласи и Енрике со емотивна фотографија на својот Инстаграм профил.
Минуваме низ тежок период и оваа ситуација зафати многу луѓе, вклучувајќи го и моето семејство. Време е да останете дома и да бидете свесни за своите сакани. Ви праќам силна прегратка и се надевам дека наскоро пак ќе се видиме. Разведрете се – напиша Инглесијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.