По кратко боледување, во Битола почина битолскиот новинар Константин Петровски – Кокан на 44 годишна возраст. Петровски имаше завршено студии по новинарство, пишуваше во битолскиот весник „Его“, а имаше и соработки со локалните телевизии. Автор е на книгата „Филтер Југославија“ во која се објавени делови од неговите текстови од „Его“, остави во ракопис неколку романи за деца, а го сними и документарецот „Патот до Аликанте“ посветен на пејачот Цане Николовски од „Елита“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.