Лин Ки, кинески милионер и продуцент на серијата „ The Three-Body Problem “ на Нетфликс, почина на 39-годишна возраст, пренесуваат британските медиуми.

39-годишникот, кој воедно бил претседател на кинеската компанија „Јоузо груп“, наводно бил отруен од негов соработник. „ The Sun “ пренесува дека локалната полиција соопштила дека еден од колегите на Лин е главниот осомничен за неговата смрт. Полицијата го објави само презимето на осомничениот, Ксу и потврди дека тој останува во притвор.

Кинескиот продуцент беше итно пренесен во болница пред неколку дена под сомнение за обид за убиство, а вчера неговата состојба беше опишана како стабилна, но денес, за жал, почина, наведува Caixin Global. Отровот наводно бил во шолја чај што му ја дал соработник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.