Синоќа, на 87 годишна возраст, почина Мито Марковски, поранешен Генерален директор на „Електростопанство“. Марковски ја извршуваше функцијата во два мандата во текот на ’80-тите години на минатиот век, и под негово раководство е изграден Блок 2 на РЕК Битола.

Во својата работна кариера извршуваше значајни државнички функции и како истакнат стопанственик активно беше вклучен во многу стопански активности. Беше заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-министер за енергетика и економија.

Посмртните останки на Мито Марковски ќе бидат изложени утре, од 12.00ч до 13.00ч во Капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.