По кратко боледување утрово во Скопје на 59-годишна возраст, почина еден од најпознатите скопски угостители, Мирко Голомеиќ. Тој беше сопственик на ресторанот „Мирко 919“ и сите угостителски објекти под брендот „Рагуза“.
Како што објави „Скопјеинфо.мк“, Голомеиќ починал по проблеми со срцето.
Веста за смртта на социјалните мрежи ја објави неговиот син кој информираше дека Голомеиќ починал во 10.40 часот.
Секогаш ќе те паметиме вака насмеан, позитивен и енергичен човек, полн со живот. Почивај во мир – напиша тој на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.