Почина македонскиот легендарен снимател Ѓоко Поповски – Гањо, познат по тоа што ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963 година. Работниот век го помина во ТВ Скопје, потоа Македонска телевизија и во Сител ТВ.

Со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, а беше еден од ретките сниматели кои ги снимаше настаните со југословенскиот претседател Јосип Броз Тито.

Гањо беше сведок на неколку војни и природни катастрофи, земјотреси низ светот. Со неговиот објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини, вклучувајќи ги оние од Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година, чии фотографии ќе го обиколат светот.

Погребот на Гањо ќе биде извршен утре (сабота, 22 мај, 2021 година), во 13:30 – 14:00 часот, на градските гробишта во Бутел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.