Контроверзниот издавач на порнографското списание „Хаслер“, Лари Флинт, почина во Лос Анџелес на 78-годишна возраст.

Го покрена „Хаслер“ во 1974, кој му донесе слава и богатство, но и бројни проблеми со законот.

Цели 50 години, Лари Флинт беше едно од најважните имиња во индустријата за забава за возрасни, но светската слава ја постигна дури во текот на спорот со властите на САД околу слободата на изразување.

Тој спор е опишан во филмот „Народот против Лари Флинт“, во режија на Милош Форман. Во тоа остварување Вудли Харелсон го играше Флинт.

Тој почина во средата откако му откажало срцето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.