Ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ (67), починала во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.

Со неизмерна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Ти беше мојот скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, голем музички талент, хумор… ни го направија животот среќен, полн со љубов… Лошата болест демнеше, но заедно ја совладувавме… Овој пат беше посилна, не успеавме, сонце  мое и драгиот Бог те зеде кај себе во својата прегратка, кон небеските височини, sвездите… а, на твојата неутешна мајка ѝ остави најдлабока тага… Твоето повторено стотици пати „мами, те сакам“ ќе одѕвонува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, најмила моја Ива“, напиша неутешната хрватска пејачка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.