Почина Ирена Богданоска од Крушево, жената која на 9 август годинава падна во кома по убод од инсект.

Ирена беше пренесена во една од приватните болници во Скопје и оттогаш се бореше за живот.

Почитувани роднини драги пријатели во овие тажни и тешки моменти чувствувам потреба да се заблагодарам на сите здраствени работници и на целиот народ кој се солидаризираше со нас во најтешките моменти на моите крушевчани, но за жал и покрај сите напори мојата ќерка Ирена ја загуби битката – објави вчера нејзиниот татко Ѓоко Костоски преку социјалната мрежа Фејсбук .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.