Само неколку недели откако на своите следбеници им порача дека ковид-19 е лага, од компликации од вирусот во Украина почина 33-годишниот фитнес-инфлуенсер Дмитриј Стужук.
Тој се заразил во Турција, од каде бил префрлен во болница во Украина, од каде пред само 4 дена ја сподели последната фотографија. Иако дента ја напуштил болницата, поради тоа што болеста му го ослабнала ритамот на срцето, тој повторно итно бил хоспитализиран.
Неговата поранешна сопруга Софија преку „Инстаграм“ ја сподели веста.
Дима веќе не е со нас. Неговото срце не можеше да издржи. Тој долго време беше во бесознание, лекарите се бореа за неговиот живот, изјави таа за украинските медиуми.
Софија ќе продолжи да се грижи за нивните три деца.
Фитнес инструкторот на „Инстаграм“ имаше повеќе од милион следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.