Индиец кој го обожуваше Доналд Трамп вознемирен од веста дека претседателот на САД се заразил со Ковид-19 починал од срцев удар во неделата, соопшти службено лице од неговото село и полицијата, пренесува Ројтерс.

Буса Кришна, кој рече дека неговата оддаденост кон Трамп започнала пред повеќе од четири години кога претседателот на САД му се појавил во сон, пред неколку дена на својата фејсбук страница објавил видео во кое низ солзи му посакува заздравување на неговиот идол.

Трамп на 2. Октомври откри дека е позитивен на Ковид-19 и помина три ноќи во болница. Тој во неделата рече дека целосно оздравел и требаше да ја продолжи кампањата во понеделникот пред изборите во САД на 3. Ноември.

Ројтерс не можел веднаш да контактира со членовите на семејството на Кришна или со болницата каде што бил пренесен. Локалните медиуми соопштија дека Кришна е во доцните триесетти години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.