Почина Фреди, германска дога која влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисоко куче на светот.
Кучето, кое живееше во Есекс, Велика Британија со својата сопственичка Клер Стонмен, имаше 103,5 центиметри од стапалата до највисокото место на грбот. Кога би се исправил, Фреди би бил висок 226 центиметри.
Тој беше мојот живот, мојата радост, мојата среќа и мојата крајна тага – вели сопственичката на Фреди.
View this post on Instagram
Фреди живееше 8,5 години, објавија од Гинисовата книга на рекорди.
Според Американскиот кинолошки сојуз, поголем број германски доги живеат меѓу 8 и 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.