Пронајдено е телото на бразилската манекенка и телевизиската водителка Каролина Битенкор (37) која во неделата во текот на олујата завршила во водите околу Илхабела, големиот остров близу Сао Паоло, пишува Дејли Мејл.

Нејзиниот маж Хорхе Сестини и нивните две кучиња во неделата со јахта пловеле околи Илхабела, каде почнало големо невреме, а олујата ги исфрлило кучињата преку палубата.

Каролин во моментот, без размислувања, скокнала по нив во водата, а по нејзе и нејзиниот маж. Меѓутоа, него по неколку часа го нашле, додека убавата манекенка не преживеала.

Во потрага по нејзиното тело учествувал и нејзиниот татко Орли, кој за локалната телевизија изјавил дека им помагал на луѓето да го извлечат телото на неговата ќерка од морето.

Скокна во морето за да ги спаси кучињата кои поради силниот ветар паднаа преку палубата- изјави личниот тренер Кан Саад, близок пријател на манекенката, и додал дека на бродот во моментот на олујата биле само Битенкорт, нејзиниот маж и нивните кучиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.