Телевизискиот водител, музичар и шоумен Драган Вучиќ денеска почина на клиниките во Скопје на 65-годишна возраст.

Повеќе информации за причините за смртта се очекуваат во текот на денот.

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година.

Драган со сопругата Весна беше во брак 38 години, а заедно беа повеќе од четири децении. Тие имаа еден син, музичарот Мартин Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.