Четвртиот сопруг на Ивана Трамп, италијанскиот актер и модел Росано Рубисонди почина на 50 годишна возраст по долга и тешка борба.
Тажната вест за неговата смрт ја објави италијанската телевизиска водителка Симона Вентура на својот Твитер профил.
-Росано… Благодарам на заедничкото патување, за добрите и лоши времиња, за смеата и солзи, толку многу и за се заедно со работевме. Довидување. Почивај во мир, напиша Симона.
Причината за неговата смрт не е позната, но една публикација сугерирана дека тој боледувал од рак на кожата неколку години.
Ивана засега не се огласила по повод неговата смрт, а со Росано помина шест години пред да се венчаат во 2008 година кога тој имаше 36, а таа 59 години. На венчавката вредна три милиони доларите која се случила во одмаралиште во Палм Бич, а во сопственост на нејзиниот поранешен сопруг Доналд Трамп, присуствувале 400 гости.
Нивниот брак не трае долго. Парот се развел по помалку од една година помината во брак, а нивната врска продолжила до 2019 година кога објавиле дека повторно раскинале.
Често биле видени заедно во Њујорк, а последен пат се фотографирани како шетаат рака по рака во јули годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.