Ретриверот Бас, миленикот на Тоше Проески, почина на 14-годишна возраст, објавија администраторите на неговата фан-страница, споделувајќи негови фотографии.

За приврзаноста на Бас кон Тоше, се пишуваше многу, по смртта на ѕвездата во 2007 година. Околу шест месеци пред да почине, Тоше го купил Бас од одгледувачница во Белград и го донел во станот во Злокуќани, каде тогаш живееше.

По смртта на Тоше, негови блиски сведочеа дека Бас многу тагувал. Од Скопје, бил однесен во семејната куќа на Проески во Крушево, а првите денови по трагедијата, само седел во дворот и одбивал храна, па дури и вода. Потоа, со тек на време, се приврзал со внукот на Тоше, Кристијан, кој често го шетал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.