Принцот Хари и Меган Маркл на Денот на вљубените објавија дека го очекуваат своето второ дете, а сега по тој повод се огласи и Бакингемската палата.

Претставниците на кралското семејство изјавија дека семејството е воодушевено од веста.

Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат сè најдобро, се вели во соопштението.

Токму на Денот на вљубените пред 37 години, Бакингемската палата објави дека принцезата Дајана е бремена со своето второ дете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.