Прв пат бев сексуално злоставувана на четири години од близок роднина, кој беше човек со висока позиција во општеството и тоа траеше до шестгодишна возраст. Најпрво бев изманипулирана бидејќи бев мало дете кое не е свесно што се случува, единствено нешто што знаев е дека тоа што ми се случува, не смеам да го кажам на своите родители од страв дека нешто лошо може да им се случи ним, се само дел од зборовите со кои Сања Боризовска за „Република“ почна да ја раскажува голготата низ која минувала како дете. Наместо да му се радува на животот, да има среќно и безгрижно детство, до 18 години Сања живеела со страв дека не смее да прозбори за преживеаното, секојдневно борејќи се со траумата која ја носела во себе. Денеска, свесна дека сè уште постојат деца кои се физички и психички злоставувани, мотивирана дека треба јавно да се говори за ова за да се казни злоставувачот, таа е организатор на првата невладина организација која ќе гради прифатилиште за деца-жртви на сексуално, физичко и психичко злоставување – НВО „Омнис“.
Повеќе за голготата низ која поминала Сања прочитајте на овој линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.