Кантри пејачката Кери Андервуд имала три спонтани абортуси во само две години. Таа го потврди ова во една прилика за Би-Би-Си и додала дека во тие мигови била многу повредена и лута за сè низ што поминува во животот.

Плачев и се прашував зошто останував бремена, ако не можам да имам дете. Се лутев на Бога и му реков или да ми дозволи да имам дете или нека ја затвори вратата. Тоа беше прв пат кога искрено му кажав што мислам и како се чувствувам. Тоа беше во саботата, а во понеделник отидов на лекар, очекувајќи дека повторно ќе ми кажат како сум имала спонтан абортус. Но, се беше во ред, изјави 36-годишната пејачка, која со нејзиниот сопруг Мајк Фишер има тригодишен син.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.