„Мојот имот пред 10 седмици откако пламенот го проголта и утрово откако целиот викенд паѓаше дожд“,напишал актерот Расел Кроу на Фејсбук покрај фотографијата која ја објавил.

На фотографијата покажал како неговиот имот изгледал откако огнената стихија го опустошила и откако почнало да паѓа дожд.


Се гледа целосната трансформација од целосно запалената земја и шумата со прекрасното зеленило кое повторно почнало да расте откако дождот паднал.

Неговата инспиративна фотографија собрала над 25.000 лајкови и речиси две илјади коментари.

Многумина му пишувале да му се заблагодари на Бог за дождот и дека се воодушевени тоа што Австралија почнала да закрепнува по страшните пожари.

Како и многу други Австралијанци така и Кроу постојано им давал поддршка на храбрите пожарникари кои се бореле со огнената стихија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.