По пауза од седум дена, информативната редакција на „1ТВ“ продолжува со вести и информативни содржини. Уредници на Централниот дневник на 1ТВ вечерва во 20 часот се Александар Петрески и Сашо Орданоски, објави порталот „1ТВ“.
На 24 јули беше емитуван последниот Дневник на „1ТВ“ и тогаш беше соопштено дека новинарите и другите вработени од 1 ТВ заминуваат на колективен, принуден одмор.
Во медиумите беше објавено дека сметката на телевизијата е блокирана, а на медиумот кој се претставуваше како брзорастечки, му се заканува згаснување откако неговиот неформален сопственик Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 беше уапсен и осомничен за случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.