Пред четири години на денешен ден почина Љупчо Петровски попознат како диџеј Бабура.
Од тогаш наваму ноќниот живот во Скопје повеќе не е ист.
Љубителите на ноќните забави го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.
Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското „Сити радио“. Имаше безброј настапи во Македонија, но и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.
Инаку тој беше сопруг и татко на две мали дечиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.