Нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ откако минатата недела од дното на Охридското езеро извадија када, сега пронајдоа вреќа со плочки, по пријава од граѓаните.

„Вреќата со плочки беше лоцирана 2018 година. Сега е извадена…. Полека но сигурно до крајот на сезонава апартманчето ќе го реновираме…Рибиве шо ме гледет си викет овај не е нормален“ , стои во објавата на ФБ.

Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.