Млчаденчиња од Тасмански ѓавол се родија на почва на Австралија, повеќе од 3.000 години откако овој животински вид е изумрен на континенталниот дел.

Седум тасмански ѓаволи се родени во заштитената област за диви животни во Барингтон во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, а радосната вест ја соопштија од австралиската невладина организација за зачувување на природата „Ауси арка“.

Историски гледано, успеавме, иако во зародиш – да го вратиме „ѓаволот“ на копното! – изјави претседателот на „Ауси арка“, Тим Фокнер.

Овој вид изумрел на копното Австралија пред 3.000 години и преживеале само на островот Тасманија. Сепак, дури и таму, нивниот број значително е опаднат поради заразната болест на туморот на лицето (ДФТД), од која умреле 90 отсто од популацијата од откривањето во 1996 година.

Само неколку месеци откако беа пуштени 26 возрасни единки во резерватот Барингтон, како дел од проектот за нивно враќање на австралискиот континент, првото размножување на тасманските ѓаволи е успешно.

Според „Ауси арка“, околу 25.000 тасмански ѓаволи живеат во пустината на Тасманија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.