Британскиот пејач Ед Ширан (28), едно од најголемите имиња на светската музичка сцена, откри дека на училиште бил малтретиран. Како дете, тој бил низок, имал портокалова коса, носел очила и пелтечел, па врсниците често го провоцирале и исмејувале.

Понекогаш и плачев на пат кон училиштето. Ги мразев и излегувањата во основно. Кога се запишав во средно, почнав да свирам гитара во бенд, станав посамоуверен и посреќен оти правев нешто во што бев прилично добар, изјави Ширан.

Тој смета дека токму таа негова различност го довела до успех и дека луѓето го помнат токму затоа што е „чуден и поинаков“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.