Компанијата која е сопственик на пивото „Корона“ се соочува со својот најлош квартал во последните 10 години, по појавата на коронавирусот.

Anheuser-Busch In Bev поседува некои од најпознатите светски брендови за пиво, вклучувајќи ги Budweiser, Stella Artois, Beck’s и Corona. Меѓутоа, во последните два месеци откако се рашири коронавирусот во Кина, а потоа и во целиот свет, компанијата претрпе загуба на заработка во земјата од 170 милиони долари (132 милиони фунти), во период кога се очекуваше зголемена продажба заради лунарната Нова година.

Раководителите на компанијата сметаат дека падот на продажбата е предизвикан од помалиот број на луѓе кои излегуваат поради страв од вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.