Британец загинал за време на прославата на својот 30. Роденден откако бил жртва на непромислена шега од своите пријатели.

Сајмон Холдер го прославувал својот роденден на брод, а неговите пијани пријатели го турнале во вода заради забава.

Славеникот се појавил на површина без тешкотии, но кога се обидел да се качи на бродот, го фатил пропелерот, по што неговите пријатели успеале да го извадат дури откако бродот запрел.

Сајмон бил примен во болница со повреди на ногата, но лекарите не биле во можност да го спасат и починал од загуба на крв.

Полициската истрага за случајот покажала дека трагедијата е резултат на несреќен случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.