Една медицинска сестра под дејство на алкохол возела цели 11 километри по автопад во погрешна насока, избегнувајќи ги возилата, пред да заврти полукружно и да се врати во потребниот дел од коловозот.

Сестрата Ема Дејвис во полицијата признала дека пиела вино пред да седне во автомобилот Поло и потоа да вози по автопатот М4 кон својот дом во близина на Кардиф во Велс.

Медицинската сестра вработена во болница за ментално здравје ја признала вината , алко тестот покажал дека во крвта имала двојно повеќе алкохол од дозволеното.

Сестра Ема е осудена на 12 месеци општествено корисна работа и парична казна од 920 фунти.

Голема среќа е што пијаната сестра со својот автомобил не направила ниту еден несреќа на патот возејќи во спротивна насока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.