Со доаѓањето на новата 2022 година многумина ширум светот споделуваат желби за убави случувања и радост во периодот што е пред нас, но такво нешто не навестуваат предвидувањата на, веројатно најпознатата јасновитка во историјата, Баба Ванѓа.

Вангелија Пандева Гуштерова, како што е вистинскиот име на Баба Ванѓа, за 2022 година предвидува дека човештвото ќе има нови грижи со здравствени проблеми, но и со природни катастрофи.

Ова се пет предвидувања на Баба Ванѓа за годинава што ни претстои:

* Појава на нов смртоносен вирус во Сибор, што досега бил замрзнат, но што ќе се појави поради глобалното затоплување: „Дури и тие што ќе го избегнат првиот налет на вирусот ќе се соочат со стравична болест“

* Појава на глад како резултат на наплив на скакулци во земјоделските површини во Индија

* Некои земји во Азија, како и Австралија ќе бидат погодени од големи поплави што сериозно ќе влијаат на нивните економии

*  Во голем број големи градови ќе се попјави суша поради недостиг на вода за пиење и загадувањето на реките

* Технологијата негативно ќе влијае на нашите животи и ќе не направи неспособни да го разликуваме реалното од виртуелното



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.