Долгите врски се менуваат со текот на времето и се соочуваат со различни предизвици. Експертите за врски тврдат дека постојат пет таканаречени кризни моменти, односно фази низ кои минува секоја љубовна врска, пишува Psychology Today.
За кои фази станува збор?
1. Првата година од врската
Можеби ви се чини како најлесна бидејќи е сè уште тазе, го гледате партнерот низ розови очила. Но, во првата година од врската се минува низ различни транзиции и адаптации на партнерот, многу компромиси.
2. Седмата година
Многумина тврдат дека баш седмата година е онаа во која многу парови раскинуваат. Експертите тврдат дека меѓу петтата и седмата година многу парови се соочуваат со предизвици кои не се поврзани со стрес или со деца, доаѓа до немир и почнуваат да се јавуваат несогласувања и караници за ситници. Едниот или двајцата партнери почнуваат да чувствуваат дека работите не се како што биле.
Проблемот е во развојниот карактер. Потребите се менуваат со текот на годините. Тоа што на почетокот нè привлекло кон партнерот сега почнува да ни оди на нерви. Некои парови успеваат да ја пребродат кризната седма година и да најдат начини заедно да растат понатаму, одговарајќи меѓусебно на новите потреби. Но, други се разделуваат.
3. Децата го напуштаат домот
Како што децата стануваат понезависни си помислувате дека сега ќе му посветите повеќе време на партнерот. Некои парови се идентификуваат со нивните улоги на мајки и татковци и без децата кои им биле заедничка грижа, веќе не знаат кои се, особено не знаат што да прават кога се заедно.
Кризата на средни години се појавува тој период.
4. Стресни настани
Во секоја врска паровите минуваат низ добро и низ лошо. Од смрт на блиски личности до тешка болест на еден од партнерите. Секој реагира различно на тој вид стрес и може да се случи партнерите да се повлечат во некој нивни свет или заедно да бидат посилни.
5. Старост
Според истражување на Pew Research фондацијата, бројот на разводи на луѓе постари од 50 години од 1960 година е двојно зголемен. Можеби мислите дека луѓето на таа возраст сакаат мир и стабилност, но многумина сметаат дека тоа им е последна шанса за промена. Неретко се одлучуваат на развод, иселување од заедничкиот дом или си запознаваат друга личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.