Необичен улов, иако мртов, уловиле во саботата петмина ученици од местото Водици во близина на Шибеник. Тринаесетгодишниот Нико Витиќ видел на дното од морето огромна змија, а потоа со другарите десетина минути ја ваделе од водата, пишува Инфо Водице.

Ветеринарот Здравко Зорица тврди дека станува збор за зелена анаконда.

Станува збор за неотровна речна змија. Како стигнала во морето, тешко е да се каже. Можно е некој да ја чувал како домашен миленик во терариум, па откако угинала ја фрлил во морето, изјавил ветеринарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.