Три постари госпоѓи жестоко се истепале, на станица за трамвај на Савскиот мост во Загреб.

На снимката објавена на Фејсбук може да се види како прво почнале да се туркаат две постари жени, а потоа им пришла третата, која се вклучила во конфликтот. Прво се туркале и удирале со чанти, а потоа една со друга се удирале по нозе.

Не е познато околу што настанал проблемот, а тепачката завршила кога дошол вработен како обезбедување и ги раздвоил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.