Тони Селмани (82) е името на пензионерот кој го насмеа целиот регион. Тој станат познат по изјавата дека „не постои грип“. Хрватските медиуми веднаш успеаја да стапат во контакт со него, каде расположен и весел им раскажуваше за своите дневни ритуали, здравјето, но и дека и во младоста бил познат. Кога бил млад работел како манекен и тоа рекалми за „Вартекс“, „Каменско“, а за „Питралон“ снимал реклами до пред 10 години.

Инаку, тој е роден во Албанија, а во Загреб се сели во 1960, по отслужувањето на воениот рок. Работел и за Хрватски телеком.

За тоа дека и тој и сопругата се еден од најубавите парови во Загреб, потврдуваат и соседите:

„Отсекогаш беа убав и сладен пар. Сите најмногу го паметиме по рекламата за Питралон, па кога бевме деца го викавме „Питраломпи“. На пазарот сите го знаат како Манекен. Тој и сопругата отсекогаш се убаво облечени, пристојни, вистински манекени“, вели сосетката Марина.

Тони откри и дека цел живот има 70 килограми, ма што да јадел и пиел. Но, за фит изгледот дури и во деветата декада, може да му се заблагодари на вежбањето.

„Во младоста тренирав боречки вештини. Инаку, и денеска, вежбам по 2-3 часа секој ден. Без исклучок“.

За потсетување, тој стана популарен благодарение на изјавата за здравјето, а која за за неколку дена има преку 300.000 прегледи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.