Пентагон во понеделникот објави три декласифицирани видеа на кои се гледа како пилотите на американската морнарица се соочуваат со нешта за кои се претпоставува дека се неидентификувани летачки објекти (НЛО).
Овие видеа, кои според Пентагон прикажуваат „необјаснети воздушни феномени“, претходно протекоа на интернет, па некои луѓе ги споделуваа пишувајќи дека на нив се гледаат туѓи неидентификувани летачки објекти, пренесе „Гардијан“.
Пентагон соопшти дека ги објавиле овие видеа „за да се расчистат какви било погрешни сфаќања од јавноста за тоа дали снимките што циркулирале биле реални или дали има нешто повеќе на видеата“, се вели во соопштението на веб-страницата за одбрана.
На првата снимка се слушаат пилотите како велат „Боже, што е она? Лета во спротивна насока на ветерот… Погледни!“. Видеата „циркулираа во јавниот домен по неовластените изданија во 2007 и 2017 година“, се вели во соопштението, додавајќи дека „воздушните феномени забележани во видеата остануваат карактеризирани како „неидентификувани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.