Педофил во Индонезија, претставен во локалните медиуми како Рони, бил осуден е на 169 удари со камшик поради полов напад врз деца.
Рони бил подложен на извршување на казната, но поради тоа што бил тешко повреден по 52 удари, медицинските лица навеле дека не е способен за завршување на казната.
Затоа процесот на казнување е одложен за друг пат, кога треба да се извршат простанатите 117 удари.
Рони веќе има одлежено шест месеци казна пред камшикувањето, поради што бројот на удари му бил намален од 175 на 169. Намалувањето се врши по еден удар за секој месец поминат во затвор.
На грбот имаше сериозни модринки. Да продолжеа можеше да прокрвари. Подобро да се одложи казната додека не заздраве целосно – изјавил еден од лекарите.
Рони беше камшикуван заедно со уште петмина осуденици, кои добиле по осум удари од камшик поради коцкање.
Овој вид на казна се користи во една од најконзервативните индонезиски провинции Банда Ацех и се заснова на шеријатскиот закон.
Пијанството, прељубата или хомосексуалниот однос исто така може да бидат казнети на овој начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.