Параглајдерист падна врз колата на историчарката на уметност Соња Абаџиева при слетување во село Љубаништа, охридско. Инцидентот се случи завчера попладнето, а како што соопшти полицијата, 57-годишниот параглајдерист од САД со итна помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“.
Американецот параглајдерист не беше многу вешт во приземјувањето и падна врз шофершајбната на нашата кола. Го викнав Ванчо како доктор да провери какви повреди има, му меревме притисок, викнавме брза помош и полиција, а околу сеирџии од цела плажа и околните апартмани. А сите со скрстени раце, само да се гледа, да не се мрдне со прст, како да се тие повредените. Ги прашав полицајците дали е дозволено слетување на толку тесен простор до плажа. Ми одговорија дека ниту е забрането, ниту не е, вели Абаџиева за СДК.мк.
Целиот текст ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.