Кристина Митровиќ, постарата ќерка на Жељко и Милица Митровиќ, која живее и студира во Лондон, пред два дена се сврши со нејзиното момче, руски милионер.
Таа рекла да, а потоа фотографијата од скапоцениот прстен и букетот рози го објави на Инстаграм. Набрзо почнале да стигнуваат пораки и честитки во голем број, а меѓу првите тоа го направи мајката на идната невеста, Милица Митровиќ.
Реков да, напиша Кристина, а потоа Милица оставила емотикони од срце, по што и самата на својот Инстаграм им честиташе на младите.
Многу љубов им посакувам – напиша гордата мајка и сопруга на челникот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ.
Идниот сопруг на Кристина е син на руски тајкун, се занимава со приватен семеен бизнис. Има приватен авион, обезбедување, возачи, како и голем број скапоцени автомобили кои секојдневно ги менува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.