Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, се извини за своето однесување вчера, кога го загуби трпението и удри по раката верничка која го влечеше кон себе.

Трпеливоста е љубов. Понекогаш го губиме трпението, како јас вчера. И денеска се извинувам за вчерашниот лош пример“, изјави понтификот во средата обраќајќи се со традиционалната проповед пред верниците собрани на плоштадот на Свети Петар во Ватикан по повод Новата година.

Папата Франциск за време на првата овогодишна миса, денеска го осуди насилството врз жените, со оценка дека таквото однесување е како богохулење.

Според папата, „ако сакаме подобар свет во новата година, треба да ги третираме жените со достоинство“.

Тој додаде дека вклучувањето на жените во одлучувањето е клучно за постигнување помирно и обединето човештво.

Папата за време на мисата во базиликата Свети Петар, предупреди на тоа „колку пати женските тела се жртвуваат на профаниот олтар на реклами, профит и порнографија“.

Тој изрази жалење затоа што жените, како што рече, кои се „извори на животот“ постојано се навредуваат, тепаат, силуваат, се присилуваат на проституција или на абортус.

Папата Франциск ги поздрави жените како „донатори и посредници на мирот“ и ги повика целосно да се поврзат со донесување одлуки со цел светот да биде пообединет и поспокоен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.