Низ целиот свет владее паника предизвикана од пандемијата со коронавирусот КОВИД-19, поради што луѓето непотребно трупаат резерви на храна дома, оставајќи ги рафтовите празни и опустошени, со што најпогодени се повозразните лица, за кои не останува ништо.

Самото нивно излегување од дома е голем ризик за здравјето, па уште ако и не успеат да се снабдат со потребните намирници, принудени се да излезат и следниот ден.

Најдобра илустрација за тоа е фотографијата што осамна на твитер-профилот на австралијанскиот новинар Себ Костело.

Напладне денес во Мелбурн. Празни полици. Ми кажаа дека таа е целата во солзи. Ова покажува кој е најпогоден од овој непотребен тренд на панично купување. Ова мора да запре“, напиша тој со фотографијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.