Пандемијата со коронавирусот целосно го измени начинот на живот на граѓаните, но и нормалното празнување и реализирање на традицијата и манифестациите по повод верските празници, па и во однос на празнувањето на Бадник и Божик.
Отец Бобан од МПЦ истакна дека во согласност со препораките и состојбата со пандемијата, годинава треба да се воздржиме од секаква традиција која подразбира масовни собирања или поголема фреквенција на луѓе.
И Манифестацијата „Бадникови поворки“ годинава нема да се одржи.
Од Здружението „Бадникови поворки“ на својата фејсбук-страница објавија дека овој пат околностите не дозволуваат да се организира божикната манифестација, ниту да се собираат и формираат поворки. Тие ги повикуваат верниците на 6 јануари, точно во 12 часот, каде и да се наоѓаат на планетата Земја да запрат за миг и да се помолат за подобра година за сите и силно да ја запеат Божикната песна.
И претседателот на Одборот на традиционалните Маџирмаалски средби, Зоран Панчевски, вели дека годинава првпат нема да се организира бадниковиот оган што традиционално се пали ноќта пред Бадник во ова маало, со што и официјално започнуваат Маџирмаалските средби, а од пред неколку години со поетските вечери кои започнуваат пред Нова година, на крајот на декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.