Американскиот некогашен секс-симбол, Памела Андерсон ја раскинала врската со францускиот фудбалер Адил Рами, по што се огласи на социјалните мрежи и откри дека била измамена и дека дефанзивецот водел двоен живот.
Тешко е да се прифати скршеното срце и дека последните две години од мојот живот биле голема лага. Измамена сум, наведена да мислам дека имавме „голема љубов“. Скршена сум, бидејќи последните неколку дена дознав дека водел двоен живот.
Се шегуваше на сметката на другите играчи кои имаат девојки кои живеат во станови во близина на нивните сопруги. Ги нарекуваше монструми. Но, ова е уште полошо. Сите ги лажеше. Како е можно да ги контролира срцата и умовите на две жени. Помогнав на многу луѓе, а себеси не можев да си помогнам, напишала Памела на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.