Додека во македонската јавност често се јавуваат недоумици поради зголеменото загадување со канцерогени честички и ненадејните појави на густ црн чад во разни населени места, екипа на германската државна телевизија АРД откри еден од изворите на загадувањето- струмичкото село Костурино.
Во Македонија се палат камионски гуми заради производство на вар, а загадувањето достигнува и 999 ПМ2,5 честички во воздухот се наведува во репортажата од струмичкото село Костурино на германската државна телевизија АРД. Репортерите на АРД посетиле двајца илегални произведувачи на вар во близина на селото кои притоа придонесуваат за огромно загадување за животната околина.
Македонската јавност веќе беше запознаена со случајот во декември 2018 година, кога иницијативата 02 објави фотографии и видео снимки од ложењето гуми во истото село и за истата потреба- производство на вар.
Од репортажата на АРД произлегува дека и покрај шокот во јавноста кој тогаш го предизвика објавата на 02, во меѓувреме во Костурино ништо не е сменето, ниту има некаква реакција од надлежните.
Напротив, двајцата протагонисти, 17-годишниот Мане и 35-годишниот Зоран, во приказната на АРД отворено раскажуваат дека не ги плаши казната од надлежните, кои и онака ретко вршат контроли.
За да се постигне потребната температура од 1.000 степени Целзиусови, се палат камионски гуми. Секојпат кога ќе стават нова гума во печката, во воздухот се ослободува огромен црн облак. Црните траги од палењето на гумите можат да се видат на оддалеченост од повеќе километри. Гумите горат побрзо и ослободуваат поголема топлина од дрвото и притоа се и поевтини- Мане и Зоран ги купуваат на отпад за околу 100 денари парче. За производство на потребното количество вар се трошат шест тракторски приколки со камен и 200 камионски гуми, а целиот процес трае 48 часа, пренесува германската телевизија.
Целиот текст на Дојче веле на македонски јазик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.