Една Канаѓанка доживеала вистинско чудо, откако паднала од висина од 1.500 метри и преживеала. И се појавиле проблеми, кога ниту главниот, ниту резервниот падобрани не се отвориле.

Сведоци тврдат дека виделе како жена паѓа од голема висичина, па навистина е чудо како преживеала, пренесува британскиот медиум „Independent“.

Жената паднала врз густи дрвја, што го ублажило нејзиниот пад, а поминала со неколку скршени коски, вклучувајќи и еден пршлен. Веднаш била примена во болница со неколку скршеници, но како што јавиле лекарите, таа е надвор од животна опасност. Полицијата во Канада истражува како дошло до таков пропуст, во кој не се отвориле ниту главниот, ниту резервниот падобран.

Идентитетот на жената која паднала не се открива, но станува збор за 30-годишна жена, која има неверојатно искуство зад себе. Преживеала пад од 1.500 метри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.