Падната една од оградите на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица. Граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата јавиле за проблемот во пожарната и полицијата.

Околу 18 часот добивме повик од граѓаните дека е падната оградата од мостот. Интервениравме веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката – информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Граѓаните кои се обратија до нашата редакција информираа дека оваа ограда веќе подолго време била нестабилна и се нишала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.