Оженет човек морал многу да и објаснува на својата сопруга кога сопругот на љубовницата го фатил покрај дупката до куќата, што се покажало дека е тунел што ги поврзува нивните домови.
Мексико е познато по мрежата на тајни подземни тунели кои нарко картелите ги користат за транспорт на нивниот нелегален товар, но се чини дека некои ја користат истата техника кога станува збор за брачни работи, пишува Одити Централ.
Маж од мексиканската држава Баја, Антонио Алберто имал афера со мажена жена и за да се осигура дека никој нема да го види кога ја посетувал својата љубовница Памела, почнал да работи на подземен тунел кој се протегал од неговиот дом до куќата на неговата љубовница. Но, според извештаите на локалните медиуми, она на што не сметале е дека Хорхе еден ден ќе се врати порано од работа.
Еден ден, додека Алберто и Памела биле заедно, сопругот на жената се вратил дома и останал во шок. Мажот, наводно, се обидел да се скрие од нејзиниот лут сопруг, па се вовлекол во неговиот „љубовен тунел“. Но, за несреќа, Хорхе започнал да го бара низ куќата, пред да го открие влезот во тунелот.
Сопругот влегол во тунелот и завршил во куќата на Алберт, каде љубовџијата го молел да не зборува ништо бидејќи неговата сопруга била во другата просторија и не сакал да дознае за неговата афера. Ова уште повеќе го разбеснило Хорхе и почнала тепачка. Кога шокираната жена забележала дека нејзиниот сопруг се бори со непознат маж, повикала полиција и на Алберто не му преостанало ништо друго освен да го признае своето неверство.
Фотографиите од „љубовниот тунел“ протекоа на социјалните мрежи во Мексико минатата недела и брзо станаа вирални. Приказната ја објавија националните и меѓународните портали, а Алберт многумина го споредуваат со кралот на нарко картелите, Ел Чапо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.