„Мама Роса, ве молам, пуштете ме да влезам. Вечерва е гејм“, ја преколнува Роса Хансен млад Авганистанец. Таа обично е доста строга кога се работи за времето предвидено за примање мигранти.

Германката која ја викаат „Мама Роса“ и нејзиниот медицински тим до 18 часот стојат на располагање на бегалците и им нудат лекарски третман, Од 2017 година таа има своја мобилна ординација, амбулатна кола со хамбуршки таблици, во близина на солунската железничка станица.

За овој млад Авганистанец овојпат прави исклучок. Зошто кога тој го користи зборот „гејм“, не мисли на спорт.

Тој англиски израз овде значи обид за премин на границата на Македонија или на Албанија. Тој добива таблети со кои подоцна ќе тргне на пат.

Солун е транзитен град. Никој не сака овде да остане. Границите не се далеку, објаснува Хансен.

Затоа, населбата околу железничката станица е стојалиште за бегалците кои сакаат да одат понатаму. Тимот на Хансен воглавно имаат работа со плускавици и воспаленија по убод од инсекти.

Лошите хигиенски услови ги прават овие едноставни проблеми многу сериозни многу брзо, раскажува медицинската сестра.

Извор: Дојче веле



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.