Калишкиот манастирски комплекс го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја и другата на светите апостоли Петар и Павле.
За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот, Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква.
Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе десет години живее во манастирот, пренесува Канал 5.
Луѓе односно жени кои не можат да имаат деца, се молат на пресвета Богородица и стануваат мајки, а многу од нив подоцна доаѓаат со своите деца да посведочат за чудото: „Да не беше Пресвета Богородица ќе го немав ова детенце“, вели тој.
Континуирано сме врзани со манастирот и како деца континуирано сме доаѓале. Една од историските реткости посебно за нашиот крај мислам дека има многу посетители, служба. Отсекогаш познат по примерност во смисла на хигиена, вели еден стружанец.
Во манастирскиот двор се наоѓа Чинарот од времето на Цар Самуил, стар 700 години. Духовноста на светилиштето, верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот во Калишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.